Јотова победи на изборите во Бугарија, Сиљановска и’ ја честита победата


davkova-jotova-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, со што стана првата жена која застанала на оваа функција во таа земја.


По обработени 99,95 проценти од гласачките ливчиња, Јотова освои 57,58 отсто од гласовите, односно околу 1,1 милион, додека нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров, поддржан од прозападната опозиција, доби 39,47 отсто.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и’ ја честита победата.

„Во име на македонските граѓани и во свое лично име, срдечно им ја честитам изборната победа на претседателката Илијана Јотова и потпретседателот Кирил Валчев. Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека под нејзиното претседателство Бугарија ќе има конструктивна улога во нашиот регион и во Европа.

Со нетрпение очекувам да соработуваме во духот на меѓусебна почит, отворен дијалог и вистинско партнерство. Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да придонесеме за мир, стабилност и просперитет“, порача Давкова во честитката на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK