Нов скандал ја тресе ФИФА


china-chinese-shanghai-2021-fifa-depositphotos_316185316_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно поради контроверзиите се најде во центарот на вниманието.


Според американскиот весник „Њујорк тајмс“ и францускиот „Ле Монд“, светска фудбалска организација ги покрила неговите даноци во Соединетите Американски Држави за годините 2024, 2025 и 2026 година, а проценетата вредност на тие трошоци е дури четири милиони долари, објавува порталот „Гол“.

За време на престојот во Мајами, каде што се подготвувала организацијата на Светското првенство во 2026 година, Инфантино добил посебен финансиски третман кој, според гореспоменатите медиуми, првично бил наменет за вработените во ФИФА, а не за избрани функционери како што е претседателот на организацијата.

Специјален третман што предизвика бура

ФИФА воведе механизам за изедначување на даноците, така што вработените кои беа преместени во САД поради организацијата на Светското првенство нема да бидат финансиски обесправени или привилегирани во споредба со нивните колеги во други земји.

Сепак, според „Њујорк тајмс“ и „Ле Монд“, овој систем не требало да ги вклучува избраните функционери.

Сепак, малиот комитет одговорен за утврдување на платите на врвните функционери му одобрил на Инфантино таков третман уште во 2024 година.

Особено е контроверзно што одлуката, според овие медиуми, не била вклучена во официјалната документација на ФИФА.

Во сторијата се споменува и швајцарскиот адвокат Бруно Гоменто, претседател на независниот Комитет за управување, ревизија и усогласеност на ФИФА, кој бил вклучен во покренувањето и разгледувањето на прашањето. Тој е, според медиумите, долгогодишен пријател на Инфантино.

Повеќе привилегии за луѓето од врвот на ФИФА

Контроверзиите не завршуваат тука. Според истите извештаи, Гоменто добил посебни бенефиции што ги немаат другите претседатели на комитети на ФИФА.

Тој бил единствениот претседател на еден од комитетите со ВИП акредитација за Светското првенство, што му овозможува да ги избере натпреварите на кои сака да присуствува.

Исто така, за разлика од другите претседатели на комитети, кои добиваат хонорари во американски долари, Гоменто ја добива својата годишна плата од 250.000 швајцарски франци во таа валута, што му користи поради разликите во девизните курсеви.

Инфантино пред нови избори

Новите обвинувања доаѓаат во време кога ФИФА се соочува и со проблеми околу проектот на Инфантино за продажба на правата за Светското првенство на приватни инвеститори.

Планот презентиран минатиот јули наиде на отпор, а имаше и извештаи за можен европски бојкот доколку се спроведе.

Целата приказна добива дополнителна тежина од фактот што Инфантино планира да се кандидира за четврти претседателски мандат на 18 март во Ванкувер. Засега, тој е единствениот официјално објавен кандидат.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK