Медведев: Последните случувања со Украина не оставаат други опции освен директен конфликт со НАТО

w_57430228-e1666683996915-920x560.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Последните конфликти со Украина не оставаат многу, други опции освен директен конфликт со НАТО, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.


На својот канал Телеграм, тој се осврна на неодамнешниот скандал во канадскиот парламент, како и испораката на тенкови Абрамс од арсеналот на НАТО во Украина и ветувањето за проектили со долг дострел, пренесуваат локалните медиуми.

Во чест на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на 22 септември, на седницата на Парламентот на Канада, меѓу другите, присуствуваше и 98-годишниот Јарослав Хунка, кого претседателот на Долниот дом на Парламентот со аплауз го претстави како „борец за независност на Украина од Русите за време на Втората светска војна“, пишува „Спутник“.

Се испостави дека Хунка бил поранешен член на доброволната дивизија „Галиција“ на трупите на СС, во која имало и украински националисти и која не само што се борела против Црвената армија, туку била позната и по злосторствата врз Евреите, Полјаците, Белорусите и Словаците, пренесува медиумот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека ниту тој, ниту делегацијата на Зеленски не биле запознаени со поканата во парламентот, пишува „Спутник“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK