Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека Киев може да употреби „валкана бомба“, да ги нападне сопствените градови и да ја обвини Русија за тоа.
Медведев рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може да употреби секакви средства, вклучително и оружје за масовно уништување, и „да ја префрли вината на некој друг“, пренесе ТАСС.
„Тие се дури и подготвени да ги нападнат сопствените градови и сопствените цивили и да користат оружје за масовно уништување како што е „валкана бомба““, напиша Медведев на платформата за социјалните мрежи ВКонтакте.
Владимир Зеленски ќе биде подготвен на секаква провокација за да го спречи решавањето на украинскиот конфликт и да ја продолжи војната до последниот Украинец, изјави екс-шефот на руската држава и актуелен заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.