Олаф Шолц и Емануел Макрон изразија „единство“ за помошта за Украина на самитот во Берлин со полскиот премиер Доналд Туск.
„Денес, повеќе од кога било, нашето единство е нашата сила, а пред се нашите три земји Германија, Полска и Франција сносат посебна одговорност“, рече германскиот канцелар.
„Конкретно, ќе купиме повеќе оружје за Украина, на целиот светски пазар“, рече тој по средбата.
Трите земји се „обединети“ и „решени никогаш да не дозволат Русија да победи и да го поддржат украинскиот народ до крај“, истакна францускиот претседател.