Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија се подготвува за војна, иако, како што наведе, сака мир и не сака да се бори против ниту една земја.
Лукашенко изјави дека е вистинита изреката „Ако сакате мир, подгответе се за војна“ и дека не ја смислил, објави веб-страницата на белорускиот претседател.
Лукашенко нагласи дека Белорусија никому не му се заканува на ниту еден начин и не сака туѓи територии. Лукашенко посочи дека во Белорусија се врши потребната обука на соодветните единици и дека војниците се снабдуваат со различни видови оружје и опрема.