Нетанјаху призна дека Израел е одговорен за убиството на 7 хуманитарни работници: „Тоа не е намерно, тоа се случува во војна“

Нетанјаху-се-огласи-по-одлуката-на-Меѓународниот-суд-„Срамотни-обвинувања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека во „ненамерен“ израелски напад загинале „невини луѓе“ во Газа, откако беше објавено дека во енклавата биле убиени седум лица кои работеле за хуманитарната програма „Светска централна кујна“.

„За жал, во последните 24 часа се случи трагичен инцидент каде нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа. Ова се случува во војна, ние проверуваме до крај, ние сме во контакт со владите и ќе направиме се за да не се повтори ова“, рече Нетанјаху, зборувајќи на хебрејски во видео пораката.

Светската централна кујна (WCK) претходно објави дека ги прекинува операциите во Газа по нападот во кој загинаа седум нејзини работници.

„WCK веднаш ги прекинува своите операции во регионот. Наскоро ќе донесеме одлуки за нашата идна работа“, рече извршниот директор на WCK, Ерин Гор.

Организацијата во соопштението рече дека нејзиниот персонал „отпатувал во зоната без конфликт во два оклопни автомобили означени со логото на WCK“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK