Пожар во ноќен клуб во Истанбул, најмалку 15 лица загинаа

к.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул, а според официјалните информации уште 13 лица се повредени, од кои седум потешко.

Инцидентот се случил околу 13:00 часот на улицата Илдиз Поста, округот Есентепе.

Според информациите на турските медиуми, пожарот избувнал во ноќен клуб во приземјето на станбена зграда од 16 ката.

На местото на настанот се испратени голем број полицајци, пожарникари и медицински екипи. Според „Хуриет“, до бината во дискотеката дошло до експлозија.

Ноќниот клуб беше затворен за време на Рамазан и се реновираше во моментот на пожарот.

„Изразувам сочувство до сите. Работата за идентификација продолжува. Причината за пожарот не е позната. Станува збор за простор кој се користи како дискотека под зградата. Се реновирал во моментот на пожарот. Наши полициски, здравствени и противпожарни екипи беа на лице место од првиот момент. Овој ноќен клуб има лиценца која е добиена во 1987 година, а потоа обновена во 2018 година“, изјави гувернерот Давут Ѓул.

Луѓето останаа заробени во зградата бидејќи пожарот и густиот чад брзо се проширија низ ноќниот клуб и станбената зграда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK