Лавров: Се надеваме дека Вашингтон нема да преземе акции за ескалација на конфликтот во Украина


lavrov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено доцна во средата изјави дека се надева оти Вашингтон нема да преземе акции што би го ескалирале конфликтот во Украина, објави Ројтерс.


Лавров рече дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго време се залага за дијалог со Русија, се обидува целосно да ја разбере позицијата на Русија во врска со Украина и „покажува посветеност на наоѓање трајно мирно решение“.

„Сметаме на здравиот разум и на преовладувањето на оваа позиција во Вашингтон и на тоа тие да се воздржат од дејствија што би можеле да го ескалираат конфликтот на ново ниво“, изјави Лавров, цитиран од руската државна новинска агенција ТАСС.

Неговите коментари првично биле дел од интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. ТАСС објави дека весникот одбил да го објави интервјуто.

Лавров тврди дека Трамп признал дека една од причините за руските постапки е проширувањето на НАТО и распоредувањето на инфраструктурата на пактот во близина на руските граници.

„Всушност, ова е она за што рускиот претседател Владимир Путин и Русија предупредуваат во последните 20 години“, рече рускиот врвен дипломат. И инсистираше дека Европа работи против американските чекори кон наоѓање мирно решение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK