Мексико доби претседателка на историските избори

pretsedatelka-meksiko-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кандидатката на владејачката партија во Мексико, Клаудија Шејнбаум, победи на вчера одржаните претседателски избори, покажуваат излезните анкети. Мексиканците вчера излегоа на историски избори каде се очекуваше за прв пат да изберат жена за претседател.

Шејнбаум (61) доби 57,8 отсто од гласовите, а нејзиниот најблизок противник, сенаторот од десниот центар Ксочитл Галвез, 29,1 отсто, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот Енкол. На трето место е центристичкиот кандидат Алварез Мајнез со 11,4 отсто од гласовите, покажува истата анкета.

Шефот на владејачката партија Морена, Марио Делгадо, им рече на приврзаниците во Мексико Сити дека Шејнбаум победила со голема разлика. Шејнбаум, климатски научник и поранешна градоначалничка на Мексико Сити, е долгогодишен сојузник на актуелниот левичарски популистички претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кому му беше забрането да се кандидира за реизбор по шест години на функцијата.

Таа ги отфрли тврдењата на опозицијата дека ќе биде „марионета“ на Лопез Обрадор, иако вети дека ќе продолжи со многу од неговите политики, вклучително и оние кои им помагаат на најсиромашните Мексиканци.

Речиси 100 милиони Мексиканци имаа право на глас на изборите, кога гласаа и за градоначалник на главниот град, осум гувернерски позиции, двата дома на парламентот и голем број други регионални и локални функции.

Најголемите избори некогаш одржани во Мексико беа и најнасилните во модерната историја, со убиство на 38 лица. Насилството ја поттикна загриженоста за демократијата поради завојуваните нарко картели.

Вчера две лица беа убиени на избирачките места во државата Пуебла. Победата за Шејнбаум би била голем чекор за Мексико, земја позната по својата мачо култура. Победникот треба да започне со шестгодишен мандат на 1 октомври.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK