„Кажете ни дали имате нуклеарно оружје?“ – Ердоган ja нарече Израел терористичка држава

Ердоган-Настаните-во-Газа-се-несреќа-катастрофа-и-злосторство-против.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ja нарече Израел „терористичка држава“.


„Израел ја тероризира Газа. Израел е терористичка држава“, рече Ердоган во обраќањето пред турските парламентарци.

Тој го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да каже дали Израел има нуклеарно оружје, но изјави и дека „неговиот крај е близу“.

„Нетанјаху треба да се појави пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг за геноцид во Појасот Газа“, додаде Ердоган.

Тој рече дека Хамас е политичка партија избрана од Палестинците.

Ердоган нагласи дека Турција ќе работи на меѓународната сцена за да се погрижи израелските доселеници да бидат признати како терористи.

Турција ги повлече дипломатите од Израел по одговорот на Израел на нападот на Хамас на 7 октомври.

Израел никогаш јавно не обелодени дали има нуклеарно оружје, иако претходно во војната против Хамас, помлад министер во владата на Нетанјаху рече дека фрлањето нуклеарно оружје врз Појасот Газа е опција.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа во среда престојува во Каиро, каде што ќе се состане со неговиот египетски колега Абдел Гафар на разговори околу снабдувањето со помош за Газа и трансферот на некои пациенти во Турција.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK