Камала Харис за враќањето во трката за Белата куќа: Сè уште не сум одлучила


kamala-harisdepositphotos_294909248_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, изјави дека сè уште не одлучила дали ќе се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави во 2028 година, но истакна дека претстојните среднорочни избори за Конгресот во 2026 година во моментов се приоритет.


„Не сум одлучила дали повторно ќе се кандидирам“, рече Харис за време на разговор со претставници на Националното здружение за унапредување на обоените луѓе (NAACP) во Детроит, објави Фокс њуз.

Харис го насочи вниманието кон претстојните среднорочни избори, велејќи дека изборите во 2028 година „нема да имаат значење ако не ја поминеме 2026 година“.

Таа изјави дека во моментов патува низ САД за да ги охрабри граѓаните да гласаат и да ги потсети на важноста на нивниот глас.

За време на посетата на Детроит, Харис учествуваше и на тркалезна маса со кандидатот на демократите за Сенат од Мичиген, Абдул Ел-Сајед.
Во таа прилика, таа ја критикуваше здравствената политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и ја изрази својата поддршка за Ел-Сајед.

Харис стана кандидат на демократите за претседател на САД на изборите во 2024 година, откако тогашниот претседател Џо Бајден се откажа од кандидатурата за втор мандат, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK