„Блумберг“: ЕУ бара од Украина да постигне напредок во реформите пред да одобри дополнителна помош


depositphotos_754234464_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Функционерите на Европската унија ѝ кажаа на Украина дека очекуваат напредок во донесувањето закони насочени кон ограничување на сивата економија, зголемување на даночните приходи и усогласување со законодавството на ЕУ пред да одобрат дополнителна буџетска помош за Киев, објави „Блумберг“.


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а извор запознаен со разговорите го опиша состанокот како „тензичен“, пренесува медиумот.

Украина побара помош од своите сојузници за покривање на неочекуван буџетски дефицит од околу 26 милијарди евра и ја повика ЕУ да го забрза исплаќањето на заем од 90 милијарди евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK