Калибаф: „Ако Иран не продава нафта, никој во регионот нема да продава нафта“


nafta-iran-depositphotos_77266661_l.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф, денес предупреди дека ниедна земја во регионот нема да може да продава нафта ако на Иран му е спречен да ја извезува.


Тој додаде дека ниедна инфраструктура во регионот нема да биде безбедна ако не е обезбедена безбедноста на Иран.

„Во регион каде што не продаваме нафта, никој нема да продава нафта, а ако нашата безбедност не е обезбедена, ниедна инфраструктура нема да биде безбедна“, рече Калибаф на отворена седница на парламентот, објави „Мехр“.

Тој, зборувајќи за американските позиции во Ормускиот теснец и преминувањето на бродовите низ тој воден пат, рече дека ваквите изјави се повторување на претходните тврдења и рече дека САД и другите земји треба да знаат каков ќе биде одговорот на Иран.

Калибаф рече дека „ерата на заплашување и закани“ кон Иран е завршена и дека одговорот на Исламската Република на „секоја агресија и авантура ќе биде цврст, прецизен и брз“. Тој процени дека евентуалните обиди на САД да воведат поморска блокада, да затворат воздушни коридори и да извршат притисок врз иранските трговски патишта ќе пропаднат, осврнувајќи се на искуството на Иран за време на војната со Ирак.

Тој исто така рече дека Иран не е „воинствен“, но нема да се двоуми да ја брани својата безбедност, достоинство и права и дека никаква закана нема да ја принуди земјата да се повлече.

Зборувајќи за внатрешните прашања, Калибаф ги повика иранските претставници да го заштитат животниот стандард на населението, особено куповната моќ на работниците, вработените и пензионерите, како и да го реформираат системот за снабдување со храна. Тој оцени дека во сегашните околности, на Иран му е потребно брзо донесување одлуки, навремено дејствување и зајакнување на националната солидарност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK