„Каде е Кејт, се појави?“: Захарова во конфликт со министерот на Велика Британија ја вмеша и принцезата од Велс

ki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, му порача на министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шапс, наместо да се занимава со руските избори, да ја бара Кејт Мидлтон.

Шапс рече дека Владимир Путин „повторно ги украл изборите, но нема да ја украде Украина“.

На ова набрзо реагираше Захарова, која изјави дека Британците се „навикнати да ограбуваат се“.

„Патем, што е со Кејт Мидлтон? Се појави?“, напиша таа на Телеграм и му порача на Шапс да ја побара принцезата од Велс.

Захарова алудира на исчезнувањето на Кејт Мидлтон од јавноста по операцијата на стомакот во јануари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK