Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Израел-Не-напаѓаат-од-седум-фронта-само-на-еден-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израел ќе испрати делегација предводена од шефот на Мосад, Дејвид Барни во Катар на разговори со Хамас за обезбедување на шестнеделен прекин на огнот во замена за 40 заложници.

Израелските власти проценуваат дека овие преговори, чии посредници ќе бидат од Катар и Египет, би можеле да траат до две недели, пренесува Ројтерс.

Разговорите започнуваат откако Хамас предложи трифазен план за прекин на борбите, чија прва фаза вклучува шестнеделен прекин на огнот и ослободување на 35 заложници во замена за 350 затвореници кои ги држи Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.

Покрај тоа, Хамас ќе ослободи пет жени израелски војници во замена за 50 затвореници, а израелските сили ќе се повлечат од двата главни патишта во Газа за да им овозможат на раселените Палестинци да се вратат во северниот дел на Газа и хуманитарната помош непречено да тече во областа.

Во втората фаза, двете страни ќе прогласат траен прекин на огнот, а Хамас ќе ги ослободи преостанатите заложници во замена за повеќе затвореници, додека во третата фаза, Хамас ќе ги предаде сите тела на загинатите што ги поседува во замена за деблокирање на Газа.

Израел ја отфрли опцијата за траен прекин на огнот, со што се држи до целта за целосно искоренување на Хамас веднаш штом ќе се случи размената на заложници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK