Јелен: САД ја намалуваат инфлацијата, веројатно нема да има рецесија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Aмериканската министерка за фaнансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД „добар напредок“ прават во намалувањето на инфлацијата и дека не очекува американската економија да влезе во рецесија.

Таа за време на состанокот на финансиските претставници на земјите-членки на Г20 рече дека побавниот раст во Кина може да се прелее и на другите економии, но американската економија е на „добар пат“ за намалување на инфлацијата, додека пазарот на трудот останува силен,



„За САД растот е забавен, но нашиот пазар на труд е се уште доста силен. Не очекувам рецесија. Последните податоци за инфлацијата беа доста охрабрувачки“, рече Јелен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK