Израелската армија пронајде тела на тројца заложници од Газа: Меѓу нив е и Шани Лук, која беше киднапирана на фестивал на првиот ден од војната

Screenshot-2024-05-17-201249.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Контраадмиралот Даниел Хагари од израелските одбранбени сили изјави дека армијата пронашла три тела на заложници од Газа, меѓу кои и Шани Лук (22), млада девојка која стана симбол на нападот на Хамас по киднапирањето на музичкиот фестивал.

Хагари рече дека телата – идентификувани како Ицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук – биле откриени во операција во текот на ноќта на армијата и израелската служба за безбедност Шин Бет.

Војската не соопшти веднаш детали за тоа каде се пронајдени нивните тела.

Медиумите потсетуваат дека Шани беше на мировниот музички фестивал во близина на Кибуц Урим кога се случи нападот на 7 октомври минатата година. Прво биле испукани ракети, а потоа се појавиле вооружени милитанти кои почнале да пукаат кон толпата, пренесе „Инсајдер“. Посетителите на фестивалот изјавија за Си-Ен-Ен дека луѓето веднаш почнале да бегаат од масакрот, поминувајќи преку мртвите тела на земја.

Недолго по нападот на фестивалот, почна да кружи видео снимка од млада жена опкружена со милитанти на Хамас. Војник ја држел за косата а некои лица ја плукале по телото.

Нејзиното лице не се гледало, но семејството успеало да ја препознае благодарение на нејзините карактеристични тетоважи, напиша „Вашингтон пост“.

Потоа, Рикарда Лук, мајката на Шана, преку видео побара информации за судбината на нејзината ќерка, која имаше 20-ти години и има двојно германско-израелско државјанство, но немало спас за неа, пренесувааат светските агенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK