Израел објави: Интензивните борби во северниот дел на Газа завршуваат

Хамас-и-Исламскиот-џихад-одбиваат-да-ја-предадат-власта-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Интензивните борби на израелските вооружени сили против исламистичката група Хамас на северот на Појасот Газа завршуваат, соопшти израелското Министерство за одбрана.


Интензивната фаза на копнената офанзива на југот на крајбрежната енклава во областа на градот Кан Јунис наскоро ќе заврши, изјави во понеделникот израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, пишува „Д тајмс оф Израел“.

„На крајот на војната, нема да има воена закана од Газа. Хамас нема да може да контролира и да функционира како воена сила во Појасот Газа, а ИДФ ќе има целосна слобода на дејствување да направи се што е неопходно за одбрана на граѓаните на Израел“, рече Галант. Можеби ќе биде потребно долго време, но ќе заврши со тотална победа“.

Иако периодот на интензивни борби наскоро ќе заврши, вооружените сили мора да продолжат со воениот притисок за да обезбедат ослободување на преостанатите израелски заложници во Газа, рече тој. „Доколку дојде до прекин на огнот, судбината на заложниците ќе биде запечатена многу години во заробеништво на Хамас“, рече Галант.

„Без воен притисок, никој нема да разговара со нас. Само од позиција на сила може да се ослободат заложниците“, рече тој.

Меѓународниот притисок постојано се зголемува врз Израел да го намали интензитетот на нападите и да избегне масовни цивилни жртви за време на нападите во Појасот Газа. Вашингтон го повика Израел да премине од силно бомбардирање на повеќе насочени напади против исламистичката милитантна група Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK