Израел нападна училиште на ОН во Газа, убиени 27 лица: „Таму имаше база на Хамас“

1bee802e-db09-4eeb-9075-782751e1d325.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелската војска рано утринава ја презеде одговорноста за воздушен напад врз училиште во Појасот Газа, каде што, според израелците, „се криела база на Хамас. „Воени авиони извршија прецизен напад врз базата Хамас лоцирана во внатрешноста на училиште во регионот Нусеират“, се вели во соопштението на израелската војска.

„Терористите од Хамас и Исламскиот џихад кои припаѓаа на силите Нухба и кои учествуваа во смртоносниот напад врз заедниците во јужен Израел на 7 октомври оперираа во овој комплекс. Терористите ја насочуваа својата кампања на терор од областа на училиштето додека го експлоатираа и го користат како засолниште“, додаде израелската војска.

Сепак, Исмаил Ал-Тавабта, директор на владината канцеларија, ги отфрли израелските тврдења дека во училиштето се наоѓа командно место на Хамас, додавајќи дека најмалку 27 луѓе кои барале засолниште биле убиени.

„Kористaт лаги во јавноста преку лажни измислени приказни за да го оправдаат бруталното злосторство што го извршија врз десетици раселени луѓе“, изјави Тавабта за Ројтерс.

Израелската војска тврди дека презела чекори за да го намали ризикот од цивилни жртви пред да нападнат борбените авиони. Израел додаде дека нема да има прекин на борбите за време на преговорите за прекин на огнот.

По краткото примирје кое траеше една недела во ноември, сите обиди да се преговара за прекин на огнот пропаднаа. Хамас инсистираше на своето барање за траен прекин на конфликтот, додека Израел вели дека е подготвен да разговара само за привремено примирје додека милитантната група не биде поразена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK