(Видео) Снимка од евакуацијата на патниците по судирот на возови во Чешка: слушнале страшен звук а многу брзо и силен удар

3900480_collage12313_ls.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







По страотниот судар на возови, во кој четири лица го загубија животот, а најмалку 23 се повредени, во градот Пардубице, во Чешка, чешките железници соопштија дека сообраќајот до кон Моравија ќе биде подолг период во прекин.

На видеото објавено од чешката полиција и железница се гледа евакуација на луѓето од урнатиот воз доцна во ноќта.

Според сведочењето на патниците, некои морале да го скршат прозорецот за да избегаат, а сите слушнале многу силен удар кој набрзо го почувствувале на својата кожа.

Пожарникарите ги извлекле патниците од возот, а неповредените ги евакуирале во паркирани автобуси, а потоа во зградата на станицата, каде, за нив била подготвена помош од психолог.

Успеале да го откријат идентитетот на сите патници, кои биле повеќе од 300 во возот „RegioJet“ кој тргнал за Словачка.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан изјави дека несреќата се случила доцна во средата околу 23 часот во градот Пардубице, на околу 100 километри од Прага и дека никој од повредените не е во животна опасност, пренесе АП.

Еден од патниците на експресниот воз, Мартин Бујњак за ЧТК изјави дека почувствувал голем удар и дека ногата му е повредена. Од возот излегол сам, пожарникарите прво се обиделе да ги задржат патниците во вагоните бидејќи така било најбезбедено.

„Благодарен сум што сум жив“, рече тој.

Полицаецот Роман Мрквичка, кој беше меѓу првите на местото на несреќата, за новинарите изјави дека го изненадила апсолутната тишина.

Во страотниот судир учествувале патнички и товарен воз со дури 300 патници во двете шински возила, а несреќата се случила околу 23 часот во градот Пардубице во Чешка, пренесува „Blesk.cz“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK