Израел и одговори на Америка: Ние не сме банана република

из.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, му порача на лидерот на демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер, кој повика на избори во таа земја, дека „Израел не е банана република“.


„Израел е независна и горда демократија што го избра премиерот Нетанјаху, тој не е банана република. Нетанјаху води решителна политика што е поддржана од мнозинството од народот“, рече Ликуд, објави „Тајмс оф Израел“.

Ликуд рече дека израелската јавност поддржува целосна победа над Хамас, отфрла какви било меѓународни диктати за создавање на, како што велат, „палестинска терористичка држава“ и се противи на враќањето на палестинската самоуправа во Појасот Газа.

„Очекуваме сенаторот Шумер да ја почитува демократски избраната влада на Израел и да не ја поткопува. Така треба секогаш да биде, но уште повеќе во време на војна“, додаде Ликуд.

Шумер претходно рече дека Израел мора да направи „значајни корекции на курсот“ за да постигне траен мир со Палестинците. Во говорот во Сенатот, тој рече дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повеќе не ги задоволува потребите на Израел“ по 7 октомври.

Демократот Шумер, долгогодишен поддржувач на Израел и највисоко избраниот еврејски функционер во Америка, исто така рече дека ќе биде „сериозна грешка“ Израел да го отфрли решението за две држави и ги повика преговарачите во конфликтот Израел-Газа да направат се што е можно за да обезбедат крај на огнот, ослободување на заложниците и испраќање на помош во Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK