Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата


depositphotos_419958636_xl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во земјата.


Во интервју за Алараби ал Џадид, Арагчи посочи дека Техеран е подготвен да поддржи секоја регионална иницијатива што би довела до „праведен крај на војната“, но нагласи дека во моментов нема конкретен предлог за прекин на конфликтот.

Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, шефот на иранската дипломатија изјави дека поморскиот премин е отворен за пловидба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK