Несреќа во Куманово: 76-годишник удрил во пешак и избегал


1749660101_policija-lenta.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возач удрил во пешак во Куманово и избегал од местото на несреќата, но набргу бил пронајден. Жената со тешки повреди е пренесена во болница.


На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Братство Единство“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.В. од с.Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, удрило во 54-годишната В.А. од Куманово и го напуштил местото, но набргу е пронајден во близина на местото на несреќата.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.А., констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK