Роберт де Ниро (83) и неговата партнерка Тифани Чен (47) заедно се појавија на премиерата на филмот „Focker-in-Law“ во Њујорк.
Славниот актер за оваа пригода избра елегантен темен костум, додека Тифани носеше свечена комбинација. Двојката позираше пред фотографите на црвениот тепих во театарот „Бикон“.
На премиерата присуствуваа и други ѕвезди од филмот, меѓу кои Бен Стилер, Овен Вилсон и Аријана Гранде.
За врската на Де Ниро и Чен, која е инструкторка по боречки вештини, почна да се пишува во 2021 година. Тие се запознале неколку години претходно, на снимањето на филмот „The Intern“ од 2015 година.
Двојката има ќерка, Џија, родена во април 2023 година, кога актерот имал 79 години. Де Ниро е татко на седум деца од различни врски.
Иако ретко зборуваат за својот приватен живот, Де Ниро и Чен повремено се појавуваат заедно на јавни настани.