Иран егзекутира две лица осудени за богохулство

zatvor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран егзекутира две лица кои беа осудени на смрт за богохулство, јавија светските агенции повикувајќи се на иранската веб-страница за судски вести Мизан.







Во информацијата се наведува дека погубените Јусеф Мехрдад и Садрола Фазели Заре направиле кривични дела, меѓу кои богохулство, навреда на исламот, пророкот итн.

Според американската Комисија за меѓународна верска слобода, тие биле уапсени во мај 2020 година за учество на канал на Телеграм наречен „Критика на суеверието и религијата“. Двајцата мажи биле држени во самица со месеци и немале можност да стапат во контакт со нивните семејства, според американската комисија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK