Герашченко: Во руска погранична област се урна и авион

gershcenko_345343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Авион СУ-34 се урна во рускиот регион во близина на границата, напиша на Твитер Антон Герашченко советник во украинското Министерство за внатрешни работи, повикувајќи се на руски извори.







Тој претходно објави друго видео на кое, според руски канали на Телеграм, наводно, се гледа пад на уште еден хеликоптер.

Претходно се урна хеликоптер во областа Брјанск во Русија, која се наоѓа веднаш на границата со Украина, јавија руските државни медиуми.

Според руските медиуми, хеликоптерот паднал откако се запалил неговиот мотор.

Во исто време, на социјалните мрежи кружат поинакви верзии за инцидентот. На руските канали на Телеграм е објавено и видео од падот на хеликоптерот. Се тврди дека бил соборен од руската противвоздушна одбрана во пријателски оган.

Информациите не можат да се проверат од независни извори. ј

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK