Албанската полиција употребила гумени куршуми против демонстрантите во Тирана, на петтиот ден од масовните студентски протести на кои се бара оставка од премиерот Еди Рама, објави Ројтерс.
Новинарите на Ројтерс пронашле гумени проектили на земјата, а од нив биле погодени двајца новинари на агенцијата и неколку демонстранти, кај кои останале кружни траги од ударите.
Ongoing protests in Albanian capital Tirana have ramped up today (Sky News)
📷 Reuters https://t.co/t6dwBAgTUJ
— Andy Scollick (@Andy_Scollick) October 17, 2026
Шефот на албанската полиција, Скендер Хита, не ја негирал употребата на гумени куршуми. Тој изјавил дека сите употребени средства биле применети во ограничен обем.
Хита соопштил дека седум полицајци се суспендирани и се соочуваат со дисциплински истраги поради пречекорување на овластувањата и непочитување на принципот на пропорционалност при постапувањето со демонстрантите. Тој не прецизирал кои инциденти довеле до суспензиите.
Според него, досега се уапсени 1.067 лица, а против 388 е поведена кривична постапка. Во судирите се повредени десетици полицајци и демонстранти.
17/10
Tirana 🇦🇱 jour 5
affrontements intenses aujourd’hui malgré la répression
protestation des étudiants pour la démission du PM Rama https://t.co/cKDPo2cDZW
— Charli☀️🦎 (@CharliB97783485) October 17, 2026
Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрациите се интензивираа во последните денови, при што демонстрантите запалиле владини згради и банки и фрлале камења кон полицијата, која возвратила со солзавец и водени топови.
🚨 LIVE – Protests continue in Albania https://t.co/GaVA1HHin8
— Tirana Report (@Tirana_Report) October 17, 2026
„Ова се 13 години корупција, 13 години неработење и празни ветувања. Чашата се прелеа и затоа сме тука да се бориме за нашите права“, изјавил во саботата 22-годишниот студент по медицина Јури Тауллаху.
Немирите претставуваат сериозен предизвик за Рама, кој минатата година освои четврти последователен мандат. Владата се соочува со низа корупциски скандали, додека аналитичарите предупредуваат дека Албанија станала центар за криминални групи кои перат пари стекнати од трговија со дрога и оружје. Овие проблеми ги усложнуваат напорите на земјата за членство во Европската Унија.
#tirana #protest #albania https://t.co/lDWEPVfMXJ
— Lavdrim Lita (@lavdrimlita) October 17, 2026
Незадоволството се засили и поради луксузен крајбрежен проект
Незадоволството од владата дополнително се зголеми по летните протести против луксузен туристички комплекс на албанското крајбрежје, поддржан од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Жители на областа во јули изјавиле за Ројтерс дека нивното земјиште било незаконски продадено за потребите на проектот на недопрен дел од брегот во јужна Албанија. Агенцијата подоцна објави дека лицето што го продало земјиштето било барано од обвинителството под сомнение за трговија со дрога, што неговиот адвокат го негирал.
Рама, кој ги негира обвинувањата за незаконско постапување и оваа недела изјави за Ројтерс дека нема да поднесе оставка, во саботата порача дека неговата влада ги почитува студентите и нивното право на протест.
„Мојата одговорност е уште појасна во овие тешки времиња – да ги заштитам граѓаните, да ја гарантирам правдата и да ја движам Албанија напред, заедно со владејачкото мнозинство, кое има јасен мандат: да ја внесе Албанија во Европската Унија до 2030 година“, напиша Рама на Фејсбук.
Албанија, заедно со Црна Гора, е меѓу водечките земји во регионот во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Протестите во Албанија се случуваат во период на засилени улични демонстрации и во други европски земји. Во Франција, студентските протести поради недостиг од наставници и несоодветни услови во образованието се проширија во поширок бран на незадоволство, додека во Шпанија протестите поради високите кирии и недостигот од станови ја натераа владата да распише предвремени избори.