Досега 360.000 Палестинци побегнале од Рафах, објави Агенцијата на Обединетите нации

gaza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Околу 360.000 жители на Појасот Газа го напуштија градот Рафах во јужниот дел на палестинската енклава откако Израел нареди евакуација на дел од градот минатата недела, објави Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (UNRWA).

Во исто време, Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, изјави дека здравствениот систем е во опасност од колапс „во рок од неколку часа“, откако борбите ја блокираа испораката на гориво преку клучните премини, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Ние сме на само неколку часа од колапсот на здравствениот систем во Појасот Газа поради недостигот на потребното гориво за работа со генератори во болниците, амбулантите и за транспорт на персоналот“, се вели во соопштението на Министерството.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) минатиот понеделник започнаа со евакуација на Палестинците од источната периферија на Рафах, пред израелските сили да влезат во областа.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (UNRWA) соопшти дека околу 300.000 луѓе биле погодени од наредбите за евакуација во Рафах и Џабалија, но дека бројките веројатно би можеле да бидат поголеми бидејќи станува збор за густо населени области. Околу милион Палестинци, кои избегаа од конфликтот во другите делови на енклавата, најдоа засолниште во Рафах.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK