Диjаз-Канел: Обвинението на САД против Кастро ја открива нивната ароганција и фрустрација


havana-kuba-Depositphotos_95775264_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел, денес оцени дека обвинението против поранешниот претседател на Куба, Раул Кастро, кое беше поднесено во Соединетите Американски Држави, само ја открива „ароганцијата и фрустрацијата што претставниците на империјата ја чувствуваат кон непоколебливата решителност на Кубанската револуција и единството и моралната сила на нејзиното раководство“.


Дијаз-Канел на својот профил на мрежата Икс изјави дека станува збор за политички маневар лишен од правна основа, кој служи за оправдување на „лудилото на воената агресија“ против Куба.

„Тие многу добро знаат, со оглед на изобилството на документирани докази, дека не е преземена никаква невнимателна акција и дека не е прекршено никакво меѓународно право, како што всушност направи американската војска со своите ладно пресметани и отворено објавени вонсудски егзекуции на цивилни бродови во Карибите и Пацификот“, напиша Дијаз-Канел, алудирајќи на инцидентот од 1996 година кога беа соборени американски цивилни авиони пилотирани од кубански бегалци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK