Одговорното обложување во фокусот на првата конференција на Mozzart во Србија одржана во рамките на Европската недела на одговорно играње, на која присуствуваа и претставници од Македонија


konferencija-za-odgovorno-kladenje.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Србија ја доби својата прва конференција посветена на одговорното обложување, организирана во рамките на Европската недела на одговорно играње, иницијатива на Европската асоцијација за игри на среќа и обложување (EGBA). Конференцијата, организирана од компанијата Mozzart, ги собра претставниците на регулаторните институции, индустријата за игри на среќа, стручната и академската јавност, како и претставници од сите пазари на кои компанијата е присутна, вклучувајќи ги Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска, со заедничка цел – унапредување на заштитата на играчите и развој на одговорен и одржлив пазар.


Како да се препознае ризичното однесување, на кој начин да се унапредат механизмите за заштита на играчите, како да се спречи нелегалното приредување игри на среќа и зошто одговорноста мора да биде составен дел од деловната култура – беа дел од клучните прашања на конференцијата за одговорно обложување.

Конференцијата ја отвори Зоран Гашиќ, директор на Управата за игри на среќа, кој во своето обраќање ја истакна важноста на соработката меѓу регулаторните институции и индустријата во создавањето сигурен и уреден пазар.

„Многу е важно да се подигнува свеста за сите видови зависности, а токму затоа е организирана и оваа конференција. Добар пример за тоа е поддршката на компанијата Mozzart за проектот „И еден е многу“, преку кој здружението СПИС и експерти од Специјалната болница разговараат со младите и укажуваат на можните ризици од коцкање. Проектот трае веќе извесно време, исклучително е добар и би сакал да се реализира уште почесто. Индустријата за игри на среќа не може да расте и да биде одржлива без одговорност од страна на приредувачите, а тие покажуваат дека ги препознаваат ризиците и преземаат дел од одговорноста. Потребна е едукација за да го препознаеме ризикот кај играчите и да знаеме кога играта престанува да биде забава и може да прерасне во проблем. Угледот на една компанија се гради и преку општествено одговорното однесување во секој сегмент од работењето“, истакна Гашиќ.

Воведно обраќање имаше и Ксенија Шулубуриќ, менаџерка за одговорно и одржливо работење во Mozzart, која нагласи дека целта на конференцијата е преку отворен дијалог меѓу институциите, стручната јавност и индустријата да придонесе за унапредување на стандардите за одговорно обложување и заштита на играчите.

„Особено ни е драго што компанијата Mozzart ја иницираше организацијата на ваков настан во Србија, во рамките на Европската недела на одговорно обложување. Веруваме дека одговорноста не е само прашање на почитување на

прописите, туку пред сè навремено препознавање на ризиците, ефикасна заштита и превенција. Заштитата на играчите мора да биде заеднички приоритет на сите учесници на пазарот, а наша желба е оваа конференција да поттикне конкретна соработка и мерки што ќе го претворат одговорното обложување во секојдневна практика“, порача Шулубуриќ.

Во текот на конференцијата беа одржани три тематски панели преку кои учесниците го разгледуваа одговорното обложување од регулаторна, технолошка, здравствена и деловна перспектива.

Првиот панел беше посветен на препознавањето на ризиците и ефикасните механизми за заштита на играчите. Посебен акцент беше ставен на превенцијата, едукацијата на младите, анализата на податоци за однесувањето на играчите и примената на европскиот стандард EN 18144, кој претставува важен чекор кон посистематско препознавање на ризичните модели на играње.

За важноста на раната интервенција и едукација се зборуваше и преку проектот „И еден е многу“, кој компанијата Mozzart го спроведува во соработка со здружението СПИС и стручни институции. Преку едукативни работилници наменети за младите, проектот има цел да ја подигне свеста за ризиците што можат да ги носат игрите на среќа и да поттикне одговорен однос кон играњето.

Вториот панел го отвори прашањето за заштита на играчите кои користат нелегални платформи за обложување. Учесниците укажаа на ризиците што ги носат ваквите канали, особено кога станува збор за заштита на личните податоци, транспарентноста на условите за играње, можностите за решавање спорови и недостатокот на соодветни механизми за одговорно играње.

Се разговараше и за улогата на современите технологии во идентификацијата и ограничувањето на пристапот до нелегалните интернет-платформи, како и за потребата од подобра координација меѓу регулаторните институции, телекомуникациските оператори, финансискиот сектор и легалните приредувачи. Беше заклучено дека ефикасната борба против нелегалниот пазар бара паралелно унапредување на регулаторните, технолошките и институционалните механизми.

Третиот панел беше посветен на одговорното обложување како дел од деловната култура, етиката и општествената одговорност на компаниите. Од перспектива на здравствениот сектор и бизнис-заедницата, учесниците разговараа за раните показатели за развој на проблематично играње, важноста на превентивната едукација, соработката меѓу здравствените установи и индустријата, како и за начините за мерење на реалните резултати од превентивните програми.

Посебно беше нагласено дека одговорното работење не подразбира само почитување на законските прописи, туку и подготвеност на компаниите постојано да ги унапредуваат своите практики, транспарентноста и механизмите за заштита на корисниците.

Завршниот дел од конференцијата беше посветен на презентација на резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, со поддршка на компанијата Mozzart и во соработка со агенцијата Ninamedia. Резултатите ги презентираше проф. д-р Милош Бешиќ, посочувајќи дека на развојот на ризичното однесување во игрите на среќа влијаат бројни фактори и дека овој проблем не може да се посматра исклучиво низ призмата на достапноста на игрите на среќа.

Истражувањето, меѓу другото, покажало дека процентот на испитаници кои себеси се доживуваат како лица изложени на ризик е релативно мал, што обезбедува дополнителен увид во перцепцијата на овој феномен во општеството и ја нагласува важноста од понатамошни истражувања, едукација и превентивно дејствување.

Конференцијата уште еднаш потврди дека одговорното обложување не е исклучиво прашање на законска регулатива, туку заедничка одговорност на институциите, индустријата и општеството. Навременото препознавање на ризиците, достапноста на механизмите за заштита, континуираната едукација и соработката меѓу различните чинители претставуваат клучни предуслови за изградба на побезбеден и поодржлив пазар на игри на среќа.

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK