Десетици повредени во судар на автобус од Полска и камион во Германија

germanija_34242423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Десетици луѓе се повредени денеска во судар на автобус од Полска и камион во источна Германија.







Полицијата соопшти дека камионот странично удрил во автобусот додека ја менувал лентата на автопатот А12 меѓу градовите Сторков и Федерсдорф, во германската покраина Бранденбург.

Според полицијата, повредени се 52 лица, од кои 10 потешко, а состојбата на едно лице е критична.

Три хеликоптери, амбулантни возила и полиција се на местото на несреќата каде е затворен дел од автопатот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK