Четири лица загинаа во пожари на Урал

Делови од планината Урал се зафатени со пожар, а вo oгнената стихија загинаа четири лица, стотици домови беа уништени, а дел од населението мораше да биде евакуирано, соопштија денеска официјални претставници, додавајќи дека се покренати неколку истраги.

Шумските пожари не се невообичаени кон крајот на пролетта и летото низ големиот шумски предел на Русија и тревните степи, но неодамнешните настани поттикнаа сомневања дека тоа може да се должи и на невнимание.

Пожарите се проширија и во некои населени места во јужниот регион Курган, каде пристигна и министерот за вонредни ситуации Александар Куренков.

Регионалните власти покренаа истрага за големиот пожар во кој вчера загинаа три лица, а беа уништени голем број куќи и канцеларии.

„До ширење на пожарот дошло поради можно невнимание на одговорните службеници“, соопштија од истражната комисија на Курган.

Девет од 13-те пожари се под контрола, јавија руските медиуми, но големи пожари ги зафатија и регионите Свердловск и Тјумен во јужниот дел на Урал.

Leave A Comment