Британија и Јапонија договорија инвестиции вредни милијарди фунти


velika-britanija-i-japonija-epa-14067102.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велика Британија и Јапонија постигнаа договор за инвестиции вредни повеќе милијарди фунти, за кој британскиот премиер Кир Стармер оцени дека ќе означи нова ера на соработка меѓу двете земји.


Според британската влада, јапонските компании ќе инвестираат повеќе од 9 милијарди фунти во британската инфраструктура и финансискиот сектор, како и до 9 милијарди фунти во офшор ветерни електрани. Се очекува инвестициите да создадат десетици илјади работни места.

Стармер денеска се сретна со јапонската премиерка Санае Такаичи во Лондон, при што двајцата лидери ја потврдија и поддршката за заедничката програма за развој на борбени авиони GCAP, во која учествува и Италија.

Во рамки на договорите, компанијата Rolls-Royce ќе соработува со јапонската агенција за атомска енергија на развој на нови нуклеарни технологии.

И покрај позитивните најави, аналитичарите предупредуваат дека британската економија би можела да се соочи со забавување на растот и повисока инфлација поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Според проценките, Велика Британија би можела да биде меѓу најпогодените развиени економии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK