Блинкен пристигна во ненадејна посета на Зеленски, а со него и дел од американскиот пакет помош

zelenski-blinken.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Киев објави дека дел од новиот пакет помош од САД веќе пристигнал во Украина и дека наскоро се очекува да пристигнат уште пратки.

Блинкен ова го изјави на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, каде претходно денеска пристигна во ненајавена посета.

„Помошта ќе направи вистинска разлика во тековната борба против руската агресија на бојното поле“, рече тој.

Зеленски ја пофали „клучната“ помош на САД и посочи дека најголемиот дефицит на украинско оружје е противвоздушната одбрана, пренесува Ројтерс. Тој му истакна на Блинкен дека на Украина и се потребни две батерии за противвоздушна одбрана за североисточниот град Харков, кој е цел на руски воздушни напади.

Блинкен ја прави својата четврта посета на Украина од почетокот на војната во 2022 година, а целта на посетата е да го увери Киев дека ја има американската поддршка додека се бори да се одбрани од сè поинтензивните руски напади. Стејт департментот објави дека Блинкен ќе разговара со украинските претставници за „ситуацијата на првата линија, влијанието на новата безбедносна и економска помош на САД, долгорочните безбедносни и други обврски и охрабрувањето на економското закрепнување на Украина“, пренесува АП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK