Јурај Цинтула (71), кој вчера трипати го застрела словачкиот премиер Роберт Фицо, е обвинет за обид за убиство со умисла поради одмазда против заштитено лице, објавија словачките медиуми.
Според порталот „ТВ новине“, на Цинтула му се заканува казна од 25 години затвор до доживотен затвор. Истражител од Националната агенција за криминал го обвинил за убиство со умисла, а тој ја поминал ноќта во ќелија.
⚠️Robert Fico shooter says he ‘disagreed with government policies’ — local media
📢 He did not do this alone. He was sent to do this by the globalists pic.twitter.com/u79vPVStcP
— The Dibster (@richarddibX) May 15, 2024
Цинтула, кој инаку е во пензија, испукал пет куршуми кон премиерот Роберто Фико, од кои три го погодиле.
Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот, а бил претресен и неговиот автомобил во кој бил пронајден телефон.
Се сомнева дека мотивот за убиството е несогласување со политиката на актуелната власт и измените кои се направени или најавувани.
Доколку вината се докаже, за ова дело, му се заканува казна затвор од 25 години или доживотен затвор.
Како што пренесува „ТВ Маркиза“, напаѓачот во полиција изјавил дека нападот го планирал неколку дена порано. Планирал да го повреди премиерот, но рекол дека не сака да го убие. Тој легално поседувал оружје повеќе од 30 години.
Фицо со хеликоптер бил префрлен во болницата каде бил опериран повеќе од пет часа.