2-ри август е неработен ден во Македонија, државен празник кој за македонците е поважен и од 8-ми септември. Скоро и да нема град или село каде што нема прослава. Откако паметам за себе, паметам за Илинден.
2-ри август е најобичен ден во Бугарија. Не е неработен ден, не е државен празник и никогаш никој масовно не го прославувал, освен онаму каде што живееле македонци, додека имале право да се идентификуваат како такви.
Илинден за бугарите не значи буквално ништо…
Зарем некому му е потребна историска комисија за да се види на кого му припаѓа Македонската револуционерна организација?
Доволно е да се види кој ја слави и го живее нејзиниот идеал, а него го живееме само ние македонците!
Нека ни е за многу години!