Кога ќе ја изгубиш вербата во луѓето, институциите, пријателите, колегите, медиумите и политичарите, губиш тло под нозе. Тогаш си сам, оставен сам на себе.
Ова што ни се случува, колективно и индивидуално, е последица на децениско немање правда, на корупција, на непотизам. На безмилосна злоупотреба на институции, поединци, закони. Нема веќе здраво ткиво за да може да заздрават и поединецот и системот. А и да има, нема кој да го препознае и мобилизира.