Царовска: Кој сака да остане во Македонија – на село!

tanja carovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кој сака да остане во Македонија – на село! Мислам дека само тоа е начинот да се зачува татковината, со ренаселување на селата и стварање максимално независни домаќинства, надвор од систем. Градење на ново, наместо борба со старо и бајато. Идат тешки времиња, но ако не пробаме да ги трансформираме во подобри времиња, ќе останеме дрвја без корен, а тие бргу се сушат и умираат. Вака како што оди, ѕверот не можеме ни да го изгладниме а камо ли да го убиеме, туку постојано го храниме.







Не е лесно, и не е за секого, но кој може – селото/природата е единствен начин за некаква иднина. Проблемот е што веќе нема големи фамилии каде што секој си има своја роља и помага во работата, но затоа може да се створат заедници каде мештаните соработуваат и разменуваат производи. Не знам, можеби идеализирам, но некако самото приближување кон земјата ствара нова енергија…
Што мислите? И – не мора да мислите како мене…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK