Ременски: Еве едно студентско криминалистичко објаснување

frosina remenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

🚩Вистинскиот предзнак за убиството на Вања е СВИРЕПОСТ – пукано во задушено дете кое требало да биде заложник во изнуда во договор со “таткото”❗







Главното прашање што се проблематизираше денес по прес-конференцијата на ОЈО и МВР беше: Каква врска има убиството со изнудата од користољубие, затоа што немало барање на пари❓
Еве едно студентско криминалистичко објаснување зошто.

➡️ Грабнување на малолетно лице/дете заради изнуда е скоро исто што и земање/држење заложници за изнуда на корист како терористички елемент.
➡️ Ако се точни информациите дека, Вања се задушила во колата со која грабнувачите ја возеле/однеле на локацијата, тогаш пукањето во задушеното дете е ЧИН НА СВИРЕПОСТ познат во правото како најтежок облик на убиство со казна доживотен затвор.
➡️ Ако детето Вања била задушена, во планот на монструмите таа станала неупотреблив заложник со кој не можат да изнудат ништо и затоа никој не барал ништо❗

Во монструозниот план на убиецот и соизвршителите чекорот што го презеле со закопување на телото на детето им било надеж дека, никогаш никој нема да ја најде и нема да бидат откриени.
❌ Најмонструозниот дел од овој план според сите криминалистички златни прашања е т.н., ТАТКО, но не само заради согласувањето сопственото дете да го даде за заложник и да им дојави за најпогодниот момент за негово грабнување во планот за изнуда што го направил со извршителите, туку заради ФАКТОТ што тој ПРВ ЗНАЕЛ дека неговата ќерка е мртва❗

🚩ТОЈ ПРВ ЗНАЕЛ дека нема да може да се изврши изнудата, зошто заложникот, детето е мртво, па затоа и немало барање пари и изнуда❗
🚩ТОЈ ЗНАЕЛ од понеделник – цели 7 дена.
🚩ПО ОВА поставете си го и одговорете си го прашањето КОЈ КРИЕЛ и заради каков “самит” криел❓
Чија монструозност помеѓу овие монструми е поголема здрав разум тешко може да сфати, но во криминалистиката има градација и реконструкција која ги дава сите одговори.
Во сите криминалистички истраги мора да има повеќе верзии/хипотези за настанот, па така и во оваа.
За да може да се поврзе убиството во Велес од страна на истата група, една од можните верзии би била:
🚩”Дали фризерот го дознал/знаел планот за грабнувањето на детето заради изнуда и во него ја гледале опасноста за нивно откривање, па така станал жртва❓”

Тешко може да се поверува дека целта била колата, а мотивот – долг од 500 евра.
Кога голем број поддржувачи на Палевски и тој самиот кукаа јавно дека безбедносните служби ги третирале, работеле, дека тие не планирале никакви убиства, експозиви, оружје и сл., туку дека тие биле невидени патриоти под ѕвездата на Вергина, тогаш сите веруваа во некаква “света мисија” на овие монструми од луѓе, па и пари донираа од дијаспората за нивната “мисија”❗
Очигледно требало да има клиничко посматрање на овие болесници за кои буквата “П” не е Патриотизам, туку Пари и Патологија❗
Едно од клучните прашања е дали соодветно и континуирано се следат состојбите кај нас на линија на радикален, профитно ориентиран десен екстремизам кој е предворје на тероризмот❓
Ова е прашање за сите институции.
И престанете да се бусате во гради со ѕвездата од Вергина, пароли, знамиња и квазипатриотизам за “никогаш Северна”, зошто овие идиоти им го уништија секаквото значење …, Веќе ќе ви биде срам кога ќе го видите во чии раце било и како зад “Големиот” патриотизам се криела монструозност и Гол Криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK