Наставник Гоце Бумбароски: Препораки за промена на односот на семејството кон надарените деца/ученици

goce_bumbaroski_3453454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Препораки за промена на односот на семејството кон надарените деца/ученици







Понекогаш гледам со чувство на потполна збунетост.

Во конфузијата што го исполнува светот денеска, јас гледам непочитување на многу вредности во животот.

Убаво е се околу нас, но многумина се слепи за тоа!

Тие го гледаат чудото на оваа земја – и изгледа не гледаат ништо.

Секоја секунда живееме во нов и единствен момент од универзумот,

Момент што никогаш не бил пред тоа ниту ќе биде потоа.

А на што ги учиме нашите деца во училиштето?

Ги учиме дека два и два се четири, и дека Париз е главниот град на Франција.

Кога ќе ги научиме, исто така, што се тие?

Би требало да му речеме на секое од нив: дали знаеш што си?

Ти си чудо. Ти си единствено.

Во целиот свет не постои дете исто како тебе.

Во илјадници години што поминале,

Никогаш немало друго дете како тебе.

Погледни го твоето тело – колку е чудесно!

Твоите нозе, твоите раце, вештината на твоите прсти, начинот на кој се движиш!

Можеш да станеш Шекспир, Микеланџело, Бетовен.

Имаш способност за се.

Да, ти си чудо. И кога ќе пораснеш

Можеш да му нанесеш штета на некој друг, чудесен како тебе!

Ти мораш со внимание да се однесуваш кон другите.

Ти мораш да работиш-ние сите мораме да работиме-да го направиме овој свет вреден за неговите деца.

Pablo Casals

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK