Мери Јордановска: Добро бе луѓе, што правевте 5 години?!

meri_jordanovska_23432423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

2018 – Нема потреба за паника, личните документи ќе се менуваат онака како што им истекува рокот, значи граѓаните нема да имаат никаков дополнителен трошок.







2019 – Преспанскиот договор е ратификуван, со името Република Северна Македонија.

2020 – Штама. Се издаваат документи со старото име на државата.

2021 – До 5 јули, се издаваат пасоши со старото име на државата.

2022 – Се издаваат документи со новото име на државата, возачки дозволи НЕ СЕ ИЗДАВААТ СО НОВОТО ИМЕ.

2023 – Во текот на летотото, МВР соопштува дека граѓаните треба да ги сменат личните документи заклучно со 12 февруари 2024, на свој трошок, со поскапи цени.

2023 – Размислуваме да нема нови таблици, туку налепници за возилата за назнака НМК.

2023 – Оние што вртат во септември да закажат (по едно 346 пати), добиваат термин дури за август следната година (2024).

2024 – Дефинитивно нема да треба нови таблици, ќе има налепници со НМК до 12 февруари.

2024 – Налепниците пристигнуваат на 10 февруари (два дена пред стапување на обврската за примена).

2024 – Со возачка дозвола со старото име ќе може да возите во државата.

2024 – Со возачка дозвола со старото име нема да може да се излезе од државата ниту да возите во државата оти ако направите сообраќајка тешко вас.

2024 – Извинете, немаме обрасци за нови документи.

2024 – Сепак, ќе можете да возите во државата со возачка која не е со истечен рок, а е со старото име.

2024 – Не знаеме дали ќе ве пуштат надвор со сообраќајна дозвола која не е со новото име.

2024 – АМСМ: Нова сообраќајна е 1130 денари, ама немаме обрасци.

2024 – Имаме 100.000 фотографирани граѓани кои немаат земено пасош, зошто имаме помалку од 5.000 обрасци.

2024 – Да да, пасошот ви е изработен ама не е доставен, не знаеме каде е, земете одмор од 15 дена па чекајте во редов.

2024 – Стигнаа налепниците, ама не биле валидни, чекајте да смениме правилник до полноќ.

И еве сме, на 10 минути пред полноќ, збунети, изнемоштени, изнервирани и верувам дека нема кој не се прашува – добро бе луѓе, што правевте 5 години?!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK