Христовска Угриновска: Толку ли ви е тешко да го вклучите мозокот пред да донесете одлука? И таа одлука да биде издржана, објетивна и навистина во корист на сите?

sonja hristovska ugrinovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дали сте нормални кога носите одлуки со кои се засега здравјето на малите деца и егзистенцијата на семејствата?







Или кога одлучивате си мислите само на рејтингот, затоа што се плашите како за вас ќе пишуваат необјективни новинари, џавкачи, кои повеќе личат на агенти на фармациската индустрија и пиари на министерот, наместо заштитници на јавниот интерес?

Па, драги доктори, инспектори, министре, директори на градинки и лајачи:
Едно бебе до 18 месеци за да ги прими сите четири дози вакцина ДТП треба да е здраво, а ако се разболи, вакцинацијата СЕ ОДЛОЖУВА. Штом се ОДЛОЖУВА, тоа значи дека бетето на 18 месеци ЌЕ ДОЦНИ со дозите. И покрај желбата на родителите, значи, од објективни причини, вакцинацијата – доцни.
Знам за пример во кој бебето е родено со намалени тромбицити и вакцинацијата почна на шест месеци возраст. Потоа бебето имаше проблеми со крајник, па подоцна имаше варичела. Детето има три дози ДТП, според возраста треба да има четири, ама ете беља, се разболувало… Впрочем, како и многу други бебиња.
Мајката на детето едвај скоро се вработи, таткото е НЕВРАБОТЕН. Во градинката им рекле дека детето повеќе нема да го примаат оти нема четири дози!!! Во диспанзер не смеат да го вакцинираат затоа што МОРА да помине период од трета до четврта доза. И сега? Ова семејство, кое редовно вакцинира и од објективни причини е спречено да го следи прецизно календарот за имунизација, ТРЕБА ДА УМРЕ ОД ГЛАД?
Ајде бе!

Се ситат лајачите со глупави муабети од типот, ете, арно им направија на антиваксерите. Без да размислат. Без да се потрудат да бидат објективни. Без суштински да го разгледаат и проблемот и понуденото решение.
Па за какви антиваксери зборуваме во горниот случај?
И сега имаме деца со примена ДТП предвреме. Со примени две дози наеднаш. Со потенцијал за штетна реакција по младите животи? А зошто? ЗОШТО?

Толку ли ви е тешко да го вклучите мозокот пред да донесте одлука? И таа одлука да биде издржана, објетивна и навистина во корист на сите?
Одлуката во градинките да се примаат само децата кои се комплетно вакцинирани според возраста треба да падне на суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK