Во петокот се одигра првиот натпревар од 26.коло во Бундеслигата. Фудбалерите на Лајпциг славеа убедлива победа на гостувањето кај Келн со 1:5. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас триумфот на Лајпциг го гледаше од клупата за резерви.
Првиот дел во Келн заврши нерешено 1:1. Симонс погоди за Лајпциг, а три минути подцна изедначи Адамјан.
Во вториот дел Келн доживеа дебакл. Два гол а постигна Опенда, а по еден Хаидара и ветеранот Пулсен.
Лајпциг со натпревар повеќе ја прескокна Борусија Дортмунд на четвртото место, додека Келн е се пблиску до испаѓање од лигата. Келн се наоѓа на 16. место со 18 бодови.