Жената која го обвини Хорнер вложи жалба на одлуката на Ред Бул

XPB_1197385_HiRes.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Драмата околу жалбата против шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер не е завршена, бидејќи жената која го обвини за несоодветно однесување ќе поднесе жалба на одлуката на Ред Бул да ја отфрли нејзината жалба.

Жената која Ред Бул реши да ја суспендира по внатрешна истрага и отфрлање на жалбата, одлучи да поднесе жалба на одлуката на тимот во врска со нејзините наводи против Кристијан Хорнер за сексистичко однесување.

Хорнер ги негира обвинувањата против него.

Обвинувањата станаа јавни во февруари, но еден месец пред тоа започна внатрешна истрага. Ред Бул ангажираше независен адвокат да спроведе истрага, а откако неговиот извештај беше презентиран на Управниот одбор, беше донесена одлука за отфрлање на жалбите.

Еден ден подоцна, контроверзните пораки поради кои оваа жена го пријавила Хорнер беа испратени 150 адреси. Пораките кои ги испраќал Хорнер ги добија водечките луѓе во Формула 1 и голем број медиуми.

Доколку новиот случај повторно биде отфрлен од Ред Бул, случајот ќе може да биде претставен на суд, а жената ќе може да ги тужи и Ред Бул и Хорнер.

Од Ред Бул не сакаа да ја коментираат новонастанатата ситуација повикувајќи се на доверливоста на случајот, а не сакаа да коментираат ниту дека жената која го пријавила случајот е суспендирана од функцијата во тимот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK