Бизарен крај, за кој долго ќе се води дебата во Шпанија, доживеа натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид (2:2).
„Кралскиот клуб“ се врати по негатива од два гола, постигна уште еден во судиското надополнување, но судијата Хесус Хил Манцано пред тоа означи крај на натпреварот (2:2).
Главниот судија последен пат се огласи кога Брахим Диас ја испрати топката во шеснаесетникот, по што Џуд Белингем со глава ја затресе мрежата на домаќините.
Настана општ хаос, играчите на Реал Мадрид го опкружија Манзано, а црвен картон доби Белингем.
„Ова е еб.н гол, топката беше во воздух. Што е ова да ти е.ам?“, му рекол Белингам на судијата, по што „поцрвенел“.
Набргу се огласи соиграчот на Белингем, Чуамени, која настаните на „Местаља“ ги опиша како „срамни“.
Најголемите шпански медиуми „Марка“ и „Ас“ во насловот го имаа зборот „скандал“.
Во својата анализа за радио „Марка“, поранешниот судија Алфонсо Перез Бурул, ја нарече исправна одлуката на Манзано.
„Судијата беше во право кога отсвири крај. Попустите се за оние кои напаѓаат како и за оние кои се бранат. Брахим ја зема топката, па направи дриблинг, нафрлувањето потоа се води како втора акција. Одлуката е исправна“, рекол Бурул.
Comment rester calme après ça…pic.twitter.com/iO5T6YAlNS
— Real French Madrid (@RMFrench_) March 2, 2024