(Видео) Холандија и Јапонија ремизираа во дербито на една од најсилните групи на СП


14068223.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Холандија и Јапонија одиграа нерешено, 2:2, во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското првенство.


На стадионот во Далас, Холандија и Јапонија одиграа две различни полувремиња, првото беше здодевно, а второто донесе вистинска експлозија, зачинето со непрекидното навивање на јапонските навивачи.

Почетокот на натпреварот не наговестуваше дека првото полувреме ќе биде толку здодевно. Мален имаше добра шанса, но Сузуки лесно ја отстранува опасноста.

И после тоа… Речиси ништо. Минаа 30 минути пред да се случи нешто. Јапонците ја создадоа својата шанса, но реализацијата беше многу лоша.

Во 33-та минута, Холанѓаните ја имаа можеби најдобрата шанса, кога Мален ја украде топката и се упати кон јапонскиот гол, но извлече само орнер, а потоа неговиот удар го одбрани Сузуки.

Во последните две минути, Јапонија имаше две полушанси, Камада шутираше покрај голот, а потоа Уеда ја погоди надворешната страна од мрежата.

Второто полувреме беше неспоредливо подобро, поинтересно, со многу повеќе темпо. Во 51-та минута, Холандија успеа да поведе кога Вирџил ван Дајк погоди по нафрливањето на Дамфрис.

Следеше уште една опасна можност за момците во портокалови дресови, а кога не беше искористена, Јапонија одговори – Накамура постигна гол во 57-та минута и го израмни резултатот на 1:1.

Холанѓаните не застанаа тука – Самверил одлично се снајде и во 64-та минута го постигна вториот гол за Холандија на овој натпревар.
Холанѓаните потоа имаа голема шанса преку Гакпо и упте неколку опасни напади, но резултатот не се смени.

Јапонците во последните 15 минути целосно ја презедоа иницијативата, имаа неколку шанси и полушанси, но израмнувачкиот гол дојде во претпоследната минута.

По корнерот Огава највисоко скокна, шутираше, топката удри во главата на Камада и заврши во мрежата на Вербруген.

Вториот меч во оваа група од 4 часот ќе го одиграат Шведска и Тунис.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK