Њујорк Никс во нестварна завршница успеаја да ја совладаат Филаделфија со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата.
На Филаделфија не и помогна тоа што имаа водство од 101:96 на 30 секунди пред крајот на четвртата четвртина… Сепак, тогаш Брансон погоди тројка од дриблинг, а во следниот напад Донте ДиВинченцо покажа зошто тој е еден од најдобрите шутери во оваа сезона во НБА и тој погоди тројка.
На крајот, Тајрис Макси промаши, а Оу-Џи Ануноби од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат 104:101. Џоел Ембид се обиде во последната секунда од тешка позиција, но не успеа да му донесе продолжение на својот тим.
Во демонстрација на физички напорна кошарка, која често недостасува во текот на регуларниот дел, беа забележани многу дуели кои беа полни со физички контакти.
Според американските медиуми, Сиксерси не биле задоволни од судењето, па ќе поднесат официјална жалба до раководството на НБА.
Џејлен Брунсон беше најефикасен кај победниците со 24 поени, но со очаен шут од поле – 8/29. Тој забележа и осум скока и шес асистенции. Џош Харт ги одигра сите 48 минути за тимот на Том Тибодо и за тоа време забележа 21 поен (7/16 од поле), 15 скока и три асистенции.
Донте ДиВинченцо додаде 19, Ајзеаа Хартенштајн 14, а Оу-Џи Ануноби 10 поени во тимот за кој, да потсетиме, поради повреда не настапува Џулиус Рендл.
Филаделфија го доби во нападот она што го бара од двајцата најдобри играчи, но целосно потфрли остатокот од екипата. Тајрис Максинатпреварот го заврши со 35 поени (12/22 од поле), девет скока и 10 асистенции.
Џоел Ембид одигра 39 минути и покрај тоа што се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото и имаше 34 поени (12/29 од поле, 8/12 слободни фрлања), 10 скока и шест асистенции.