Вистински спектакл приредија фудбалерите на Аталанта и Интер во 12-то коло, во Серија А. Актуелниот првак, во Бергамо, три пати имаше предност од два гола, но не успеа да победи. Натпреварот, во кој првиот гол за Аталанта го постигна Елиф Елмас, а Пио Еспозито три гола за Интер, заврши 4:4.
Интер, поточно Еспозито брилијантно го отвори натпреварот. Италијанскиот репрезентативец погоди во 16-та и 32-та минута.
Елмас ја врати Аталанта во натпреврот три минути подоцна. Македонскиот репрезентативец погоди со силен удар од осум метри.
Предноста од два гола на Интер му ја врати Еспозито во 52-та минута. 1:3 на семафорот стоеше до 72-та минута кога намали Де Кетеларе, но само три минути подоцна Сучиќ од пенал, трет пат му донесе на Интер предност од два гола.
Надежта на Аталанта и ја врати Де Кеталере, со својот втор гол, во 82-та минута. Стадионот во Бергамо „експлодираше“ во 91-та минута кога Кеси реализираше пенал. На пеналот му претходеше играње со рака од страна на Бастони.
Интер е трет на табелата со 29 поени, еден помалку од Рома и три од лидерот Лацио, додека Аталната се наоѓа на 12-та позиција, со скромни 15 поени.
Foto/ EPA