Маркез: Деветтата титула ми донесе мир, десеттата е за сите што веруваа во мене


14463680.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Марк Маркез експлодираше од среќа откако ја помина целната линија во Портимао на осмото место. Неговиот голем ривал, Хорхе Мартин, го чекаше на првата кривина за прв да му честита, додека неговиот тим ја славеше освојувањето на десеттата титула светски шампион. Тој стигна до неа по најголемото враќање во историјата, но и по пат полн со падови, страдања и борби.


„Деветтата титула беше онаа со која најдов мир, оваа е за навивачите кои секогаш веруваа во мене“, рече Маркез, покажувајќи го бројот 10.

Потоа светскиот шампион додаде:

„Не знам што друго да кажам, само знам дека сме среќни и дека славиме историски момент. Знам колку страдав и дека луѓето околу мене и навивачите веруваа во мене повеќе отколку што јас верував во себе. Затоа продолжив да се борам и дадов се од себе.“

Освртот на периодот по повредата и операцијата во Ле Ман беше особено емотивен.

„Бев целосно скршен. Не верував дека можам да ја продолжам кариерата. Мислев дека ќе се оперирам, па ќе видиме што ќе се случи следно. Но, само продолжив“, рече Маркез, едвај задржувајќи ги солзите.

Тој истакна дека титулата оваа година е различна од претходната.

„Минатата година, сè се базираше на притисок, уживање и инстинкт. Оваа е резултат на адаптација, слушање на тимот и околностите. Бев под контрола, како во шах, имав мобилност на кралицата, што тие не знаеја“, сликовито објасни тој.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK